На 09.06.2025 околу 19.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино во хотел на подрачјето на Центар во Скопје била пронајдена почината 24-годишната Г.Ј. од Охрид, вработена во казиното.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.