Во Струмица денеска почина актерот Ванчо Крстевски, член на Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица. Роден на 30 ноември 1960 година, а член на Струмичкиот театар е од 1982 година. Досега одиграл 105 улоги и остварил низа забележителни ролји.
Учествувал во повеќе телевизиски проекти, а исто така и во филмски улоги во „Прашина“ на Милчо Манчевски, „Жената што ги избриша солзите“ на Теона Митевска и други. Во 2018 година, во рамките на ФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица, за улогата на Арсен во претставата „Петтиот чин“ ја доби наградата на НЕТА за најдобра машка улога.
![]()
По повод смртта на актерот Ванчо Крстевски утре во 11 часот ќе се одржи комеморација во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, а погребот ќе се изврши во 14 часот на Градските гробишта во Струмица.




