Британскиот музичар Ози Озборн почина денес во Лондон на 76-годишна возраст.

„Зборовите не можат да ја изразат тагата со која ве известуваме дека нашиот сакан Ози Озборн почина утрово. Тој беше опкружен со семејство и љубов“, се вели во соопштението на семејството на Озборн, објави Скај њуз.

Озборн почина само две недели по последниот концерт на неговиот бенд Блек Сабат во Вила Парк, каде што официјално го објави своето пензионирање.

„Немате поим како се чувствувам во моментов, ви благодарам од дното на моето срце“, рече Озборн на концертот.

Озборн беше еден од пионерите на хеви металот со Блек Сабат, а исто така и во својата соло кариера.

Некои од неговите најголеми хитови беа „Iron Man“, „Paranoid“, „War Pigs“, „Crazy Train“, „Changes“ и други.