Поранешниот италијански министер за надворешни работи Џани де Микелис почина на 78-годишна возраст по долго боледување.
Де Микелис е хоспитализиран пред неколку денови бидејќи му се влошила здравствената состојба.
Тој беше член на социјалистите во италијанскиот Парламент, а извршувал повеќе министерски позиции од 1980 до 1992 година.
Функцијата шеф на италијанската дипломатија ја извршуваше од 1989 до 1992 година.