На 75 годишна возраст, по кусо боледување, денеска почина Велибор Џаровски – Џаро, еден од најпознатите менаџери во бивша СФРЈ, потврди неговото семејство за порталот СДК.
Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, но исто така беше познат како „крал на местенките“ во фудбалот, нешто што самиот никогаш не го криеше и отворено зборуваше за тоа.
Музичките ѕвезди Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена се само некои од музичките ѕвезди со кои соработуваше Џаровски и на кои им организираше турнеи. Џаровски има изјавено дека организирал 5.000 концерти и бројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.
Тој остави силен печа и во југословенскиот фудбал, каде што, како што самиот призна, наместил повеќе од 80 натпревари, во различните рангови на натпреварување, оставајќи зад себе легендарни приказни за тоа.
Извор: СДК