Познатиот светски рапер и актер Ди-Ем-Екс (DMX), почина денеска на 50-годишна возраст, соопшти неговата фамилија.
„Со длабока жалост соопштуваме дека денеска почина нашиот сакан Ди-Ем-Екс, со име Ерл Симонс, почина на 50-годишна возраст. Неговата фамилија беше до него до смртта и му даваше целосна поддршка во последните денови од животот“, се вели во соопштението.
Раперот беше хоспитализиран минатата недела откако доживеал срцев удар во неговиот дом во Њујорк.
Ди-Ем-Екс беше еден од најпознатите рапери, а со музика почнал да се занимава од 1990 година реализирајќи го својот деби албум. Раперот издаде неколку албуми, а во 1999 година и беше номиниран за „Греми награда“. После тоа беше номиниран за уште две награди.
Исто така се проба и во улога на актер, и глумеше и во два филма.