Почина поранешниот фудбалер Васил Рингов, еден од најголемите фудбалери во македонскиот фудбал.

Рингов е поранешен југословенски репрезентативец. На клупски план остави длабока трага во тимот на Вардар.

Настапуваше и за белградски Партизан, Динамо Загреб, германскиот Ахнтрахт Брауншвајг. Во Македонија беше член и на Тетекс и на Беласица, каде што ја почна кариерата.

За Вардар одигра повеќе од 200 натпревари, во кои постигна 93 гола.

Рингов почина на 70-годишна возраст, по кратко боледување.