Почина Илија Андонов Ченто, син на Методија Андонов Ченто

/ 12.09.2024

На 92 години почина Илија Андонов- Ченто, син на Методија Андонов- Ченто и министер во првата Влада на Република Македонија по нејзиното осамостојување.

Илија Андонов Ченто беше градежен инжинер по професија и е запаметен по изградбата на браната Калиманци. Тој беше најстариот син на Методија Андонов Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ.

Посмртните останки на Илија Андонов Ченто утре во 14 часот ќе бидат изложени во капелата на гробиштата Бутел во Скопје, а погребот ќе се изврши во 15 часот.


Од истата категорија