Почина Кирил Дојчиновски, едно од најголемите имиња во македонскиот фудбал. Животниот пат го заврши на 78-годишна возраст, а низ него помина многу меридијани и работеше со големи фудбалски имиња, оставајќи трага и тој, не само во југословенскиот фудбал, туку пошироко. За Македонија, ќе остане запаметен како првиот кој настапи на едно Светско првенство, во рамки на репрезентацијата на Југославија, во 1974 во Западна Германија.
Роден на 14 октомври, во Скопје, неговите фудбалски почетоци потекнуваат од Вардар, каде што минал пет сезони, од 1962 до 1967 година. Во тој период одиграл 218 натпревари, од кои 132 првенствени. Неговиот квалитет бил препознат од Црвена звезда, па во 1967 преминува во редовите на белградските црвено-црни, каде што останал седум години. Иако нетипично за тој период, останал активен и играл на високо ниво и во четвртата деценија од животот и тоа во една од најсилните лиги во Европа, во екипта на Троја (1974/75) и на ФЦ Париз (1975/77).