Денеска на 78-годишна возраст почина славниот хрватски кошаркар и тренер Петар Сканси.
Тој беше познат по тоа што беше тренер на хрватската репрезентација на Олимпијадата во Барселона во 1992 година, кога го освоија среброто зад „дрим-тимот“ на САД.
Сканси играше на позицијата центар, беше дел од југословенската репрезентација која во 1970 година ја освои светската титула, а имаше и сребро на Олимпијадата во 1968 гоина и сребро на СП во 1967 година.
Петар Сканси беше кошаркар на Југопластика, италијанскиот Пезаро, а потоа беше и тренер на Југопластика. Тој беше тренер и на Скаволини, Венеција, Рома, Бенетон, Болоња, ПАОК и Сплит.
ФИБА во 1991 година го смести во изборот на најдобри 50 кошаркари во историјата.