Почина легендарниот бугарски новинар Георги Коритаров. Ова на Фејсбук го објави извршниот директор на „ТВ Европа“, Георги Харизанов, каде Коритаров имаше сопствената емисија.
Доајенот на новинарството нè напушти вечерва на 61 година. Коритаров ќе остане запаметен по неговите остри изјави и непоколебливи мислења. Тој беше човек кој веруваше во моќта и значењето на зборот, пишуваат Новините.бг.
“Драги пријатели, Не знам точно како се соопштуваат такви вести. Не знам што е кажано, не знам како да го сфатам ова, не знам како да живеам со тоа. Вчера се смеевме во етерот. Денес дознавам дека повеќе нема да се видиме. Ние нема веќе да зборуваме. Ние нема веќе да се расправаме. Нема да размислуваме заедно, да работиме заедно, да читаме и да пишуваме заедно. Среќен сум што бев мал дел од животот на овој голем човек. И тој од мојот. Ќе се обидам да се насмеам секогаш кога ќе помислам на него. Но, тешко дека ќе успеам “, напишал Харизанов на ФБ.
Според непотврдени информации кои ги пренесува Новините.бг, Коритаров бил заразен со корона вирусот, по што состојбата му се влошила, иако имал примено прва доза од вакцината.