Првиот Италијанец во историја кој освои грен слем турнир, Никола Пјетрањели, почина на 92-годишна возраст, објави денеска Тениската федерација на Италија (ФИТП).
Пјетрањели освои две титули на Ролан Гарос во 1959 и 1960 година, а стигна до финалето во Ролан Гарос во Париз уште двапати, во 1961 и 1964 година. Неговиот најдобар резултат на Вимблдон беше полуфиналето во 1960 година.
„Италијанскиот тенис тагува по загубата на икона. Единствениот Италијанец кој беше примен во тениската Куќа на славните, Николо Пјетрањели, почина на 92-годишна возраст“, објави ФИТП.
Роден во Тунис во 1933 година од татко Италијанец и мајка Русинка, Пјетрањели се сметаше за најголем италијански тенисер на сите времиња сè до појавата на Јаник Синер. Во кариерата освои вкупно 48 турнири.




