Почина легендарниот ракометен тренер Лефтер Бошковски

/ 30.05.2022

Прославеното име на македонскиот ракомет, тренерот Лефтер Бошковски почина денеска во Скопје на 81-годишна возраст.

Истакнат ракометен стручњак и педагог, Бошковски беше тренер на повеќе македонски екипи, како и селектор на женската сениорска репрезентација.

Во својата плодна тренерска кариера ги предводеше екипите на Вардар, Работнички и Кометал Ѓорче Петров, а го основаше женскиот ракометен клуб Олимпик.

По потекло беше од Егејска Македонија, а своето детство го поминал во Романија, во Орадеа, каде подоцна често гостуваа екипите на РК Вардар кои тој ги преводеше.

Под негово водство, во осумдесетите години од минатиот век, младинската репрезентација на Македонија во ракомет беше југословенски шампион, а во нејзе играа многу подоцнежни репрезентативци на сениорскиот тим на независна Македонија.

Татко е на тренерот Андон Бошковски.

Последните години од својот живот на ракометен план ги мина во академиите на Стевчо Алушовски и Кирил Лазаров.


Од истата категорија