Легендарниот тапанар Хал Блејн почина денеска на 90-годишна возраст од природна смрт во неговиот дом во калифорнискиот град Палм Дезерт, објави „Сан“.
Блејн, кој минатата година доби Греми за животно дело, во текот на својата кариера свирел со повеќе познати изведувачи, меѓу кои и со Френк Синатра, Елвис Присли, Барбара Стрејсенд, Џон Ленон и „Бич Бојс“.
Тој свирел при снимањето на 40 песни кои биле на првото место на најзначајните светски топ листи, како на 150 нумери кои биле меѓу првите десет на топ листите.
Блејн е роден во Масачусетс во семејство на еврејски мигранти на 5 февруари 1929 година како Харолд Сајмон Белски. Својата музичка кариера ја почнал на 20-годишна возратс, при што во првите талкал меѓу џезот и рокот.
Тој беше познат по својата виртуозноста во свирењето тапани и како тапанар кој може брзо да се адаптира на секаков музички стил. Според Брајан Вилсон од групата „Бич Бојс“, Блејн е „најголемиот тапанар во историјата“.