Денеска на 63-годишна возраст почина Тоше Поп Симонов – еден од најголемите македонски автори, аранжери и продуценти, познат по својата работа во областа на поп и етно музиката. Поп Симонов се сметаше за врвен гитарист кој суверенио ги владееше сите стилови и музички жанрови, за потоа да прерасне во еден од најсодржајните автори и пред се врвни музички продуценти со кој соработувале најголемите имииња во историјата на македонската популарна музика.

Поп Симонов во својата плодна кариера соработуваше со бројни македонски, но и регионални изведувачи меѓу кои: Тоше Проески, Дарио, Верица Пандиловска, Ена Веко, „Фрајле“ и Алка Вуица.

Тој беше еден од основачите и гитарист на култната рок група „Бастион“, а потоа и гитарист на рок групата „Асторија“.

Погребот ќе се одржи во вторник на 22.04.2025 на градските гробишта во Бутел. Сите кои сакаат да оддадат почит, ќе може да го сторат тоа во капелата во Бутел од 11:30 часот.