Најстарата жителка на Руската Федерација, Танзилија Бисембеева од Астрахан, северен Казахстан, почина на 123 години. На нејзиниот погреб присуствувало цело село, јавуваат тамошните медиуми.
Бисембеева е родена на 14 март 1896 година. Имала четири деца, 10 внуци, 13 правнуци и двајца праправнуци.
Пред три години, таа беше впишана во Руската книга на светски рекорди како најстарата личност на светот. Една година подоцна, сепак, е откриена Нана Шаова од Кавкаската Област која тогаш имала 127 години. Таа пак, почина на почетокот на оваа година.