Човек од Куманово на возраст над 60 години починал од Ковид-19. Тој имал и други здравствени проблеми и бил вакциниран со две дози, а последната вакцина ја примил пред повеќе од три години. Според извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во последната недела потврден е само еден нов случај од Струга.
„Во текот на минатата недела тестирани се вкупно 341 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на Ковид. Регистриран e еден нов позитивeн случај, еден помалку во однос на минатата недела, кога имаше два позитивни случаи. Евидентирани се 3 оздравени лица“, соопштија од ИЈЗ.
Во јануари годинава, досега се регистрирани 14 заболени, што е значително повеќе од декември, кога имаше само шест случаи.