Легендата на рокенролот, американскиот музичар Литл Ричард почина на 87-годишна возраст, јавуваат светските медиуми. Неговиот син ја потврди смртта на славниот музичар, но причината сè уште не е позната.
Тој ја затресе светската музичка сцена во 1956 година со својот енергичен настап на пијано и песната „Тути Фрути“, по што следеа хитовите „Лонг Тели Сали“, „Рип ит ап“, „Лусил“, „Гуд Голи Мис Моли“ …
За време на педесеттите, заедно со други црни музичари, како Чак Бери и Фетс Домино, тој овозможи појава на нов музички жанр – рокенрол.
Иако тој не беше во првите десет на музичките топ листи од 1958 година, влијанието на Литл Ричард врз рокенролот беше неизмерливо.
Неговите песни ги обработија многу музичари, од Битлси, Еверли брадрс и Кинкс, преку преродбата на Криденс Клирвотр Ривајвл до Елвис Костело и Скорпионс.