Поранешниот претседател на Република Србија, министер за надворешни работи и потпретседател на Социјалистичката партија на Србија, Милан Милутиновиќ, почина денес на 81-годишна возраст.
„Последен поздрав до Милан Милутиновиќ, поранешен претседател на Република Србија и поранешен потпретседател на Социјалистичката партија на Србија“, напиша лидерот на СПС и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ на својот Инстаграм профил.
Датумот на комеморацијата и погребот ќе и биде соопштен на јавноста подоцна.