Лицето кое што вечерва беше погодено од огнено оружје во пукањето во Куманово, им подлегна на повредите во Клиничкиот центар во Скопје. Оваа вест ја потврдија и од болницата, јавува ТВ 21.
До пукањето дошло после расправијата меѓу две семејства во кумановско Диво Насеље. Ранетото лице поради тежината на повредите беше донесено во Скопје, но ја загуби битката за животот.
Од тепачката неколку лица од двете семејства се полесно повредени.
Претходно, медиумите на албански јазик јавија дека четири лица, од кои едно потешко се повредени во вечерашната вооружена престрелка во кумановската населба Дива населба.
Телевизија Алсат јави дека физичка пресметка меѓу две групи ескалирала во вооружена.
Според информациите кои ги објави Алсат, престрелката се случила меѓу две семејства.