Вечерва почина 39-годишната родилка која пред две недели скокна од прозорец од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Информацијата за неколку медиуми ја потврдиле членови на семејството.
Таа се бореше за живот на КАРИЛ, но не издржа и покрај лекарските обиди да се спаси нејзиниот живот. Пациентката беше во многу критична состојба, а на одлуката да скокне од прозорецот од првиот кат на Клиниката за гинекологија и акушерство ѝ претходеле вознемиреност и одбивање да го дои бебето.
Триесет и деветгодишната родилка била донесена на ГАК во 36-та недела од бременоста. Била однесена во породилна сала и за 14 минути била породена со царски рез. Бебето е во добра состојба.