Американскиот сенатор од Аризона и поранешен заробеник во Виетнам, Џон МекКејн почина на 81 година од животот, соопшти неговата канцеларија. Неговата сопруга и семејството биле покрај него кога починал.
МекКејн се бореше со агресивен рак на мозокот. Тој во петокот ја напушти болницата поради напредно ширење на канцерот одбивајќи натамошни третмани.
МекКејн 6 пати беше сенатор, поранешен воен затвореник и два пати кандидат за претседател.
Познат републиканец кој не беше во добри односи со сегашниот претседател Доналд Трамп. Дури оставил посмртен аманет тој да не доаѓа на неговиот погреб.