Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид, Фернандо Родригез Серена, почина денеска на 77 години, објави шпанскиот клуб.
Серена играше за Реал од 1963 до 1968 година. Ќе остане запаметен по голот против Партизан во Брисел за победа од 2:1 со кој Реал стана европски шампион во 1966 година.
-Реал Мадрид ја дели болката со неговото семејство и изразува сочувство, се вели во соопштението на „кралскиот клуб“.
Серена со тимот од Мадрид освои четири трофеи во шпанскиот шампионат. Играше и за Осасуна, Елче и Сант Андреу.