Почна српскиот актер Иван Бекјарев на 74 годишна возраст, инаку мошне добро познат и на амкедонската публика. Бекјарев се разболел од коронавирус минатиот месец, а неговото здравје се влошило пред околу десетина дена.
Последните недели тој бил на Инфективната клиника во Белград. Актерот дознал дека бил позитивен на коронавирус додека снимал филм, поради што веднаш го напуштил сетот.
Првата улога Бекарев ја одиграл во далечната 1967 година, а играл повеќе од 150 театарски улоги и над 50 филмски. Најпознатите серии во кои играл се „Подобар живот“, „Среќни луѓе“, „Отпишани“, „Горчливи плодови“.
Инаку, родителите на Бекјарев потекнуваат од Македонија. Татко му Георги пред Втората светска војна дошол во Белград, а мајка му Радмила (со потекло од Гевгелија) во Белград дошла 1945 година. Татко му на Иван пред војната го сменил на српски своето презиме во Беќаревиќ, но после Ивановото раѓање повторно го преименувал во Бекјарев.
Тој глумеше и во „Среќна нова 49“.