Замина уште една ракометна легенда- првиот селектор на Македонија, Славе Атанасовски- Чаве.
Атанасовски беше назначен за селектор на Македонија по осамостојувањето на Ракомениот Сојуз на Македонија од Ракометниот Сојуз на Југославија.
Под негово водство во 1993 година, Македонија го одигра првиот официјален репрезентативен меч во Романија.
Беше тренер на повеќе македонски екипи, тренер во Грција и селектор на женската репрезентација на Грција.
Атанасовски исто така работеше и како професор по физичко образование.