На 10-ти март на социјалните мрежи објави дека е заразен со корона вирус, утрово неговите блиски се простуваат од него на социјалните мрежи. Почина Зоран Апостоловски како последица од Ковид-19, сами останаа неговата бремена сопруга и малото синче Петар.
Во својот пост на социјалните мрежи на 10-ти март, Апостоловски напиша дека се заразил со Ковид-19 на скопска клиника.
– Ете и јас позитивен на корона вирусот! И покрај едногодишно внимание буквално на сите протоколи, се заразив со вирусот, не заради мое не внимание, туку поради трулиот здравствен систем, се заразив во болница! Да, во болница! Имав хируршка интервенција, иако беше малку ризична, помина во нај добар ред, бескрајно благодарен на хирургот и неговиот тим, но проблемите настанаа потоа! По оперативниот третман бев сместен во болничка соба не поголема од 20 м2 со други пет пациенти, значи шетст лица во соба, без никаква дистанца, без никакви протоколи!
Сум се инфицираал додека сум бил во собата, првиот симптом го почуствував по три дена откако бев пуштен на домашно лекување!
Се инфицирав затоа што властите при сместување на пациентите во болничките соби не ги почитуваа протоколите за корона вирусот кои самите тие ги донесоа!
Гнилиот систем не само што го стави во ризик мојот живот, го стави во ризик и животот на мојата сопруга која е во петиот месец од бременоста а јас по напуштањето на болница имав контакт со нејзе и моето синче, контактот траеше неколку дена, откако бев пуштен на домашно лекување до појавувањето на симптомите!
Сега сум во неизвесност дали сум ја инфицирал супругата и синчето или не!? И сега одговорноста каде да ја бараме? И сега карантин за кого треба за народот или за власта??? Јас ги почитував протоколите на власта, но власта не ги почитуваше протоколите која сама ги поставуваше! Се чуствувам како жртвено јагне на неспособноста и некадарносра на власта да се организира во услови на пандемија! Сега сум толку бесен на власта што би ја ставил во доживотен карантин, никогаш да не излезат на слобода! Да, ова го заслужуваат, одговорноста е ваша бруки неспособни, незнам како народот ве трпи!
Десет дена подоцна, на 21-ви март, Апостоловски порача, чувајте се, вирусот е страшен:
Многу телефонски јавувања и пораки поврзани со моето здравје, но не можам да ви одговорам драги пријатели, состојбата со корона вирусот ми е многу тешка, од вечерва влагам во 15тиот ден одкако го пројавив првиот симптом на проклетиот вирус но сеуште нема светло во тунуелот, само мрак и агонија!
Згрижен сум веќе неколку дена на Инфективната клиника! Бескрајно ви благодарам што сте загрижени за мене и моето здравје, она што може да го направите за мене во текот на деновите да се помолите за мене и моето здравје, да го најдам светлото во овој мрак што надвиснал над мене! Посакувам да може за поскоро да се гледаме, чувајте се, вирусот е страшен!