Познатиот српски глумец Предраг Ејдус починал вечерва во 72. години, после долга и тешка болест, јавуваат белградските медиуми.
Предраг Ејдус е роден на 24. јули 1947. године во Белград. Завршил во 14. белградска гимназија, а глума дипломирал во 1972. година на Академијата за театар, филм, радио и телевизија.
Од 1985 до 1989 година бил претседател на Здружението на драмски уметници на Србија, а од 1993 година се приклучил на Југословенскиот драмски театар.
Од 2000 године бил вонреден професор по глума на Академијата за уметности.
Одиграл околу 200 драмски улоги и снимил повеќе од 50 филмови, учествовал во околу 50 телевизиски драми и 30 тв-серии, остварил преко 200 улоги во радио-драми за Радио Белград.
Предраг Ејдус зад себе ги оставил сопругата Милица и двете деца.