Започна етапната исплата на пензиите за јуни, информира Министерството за труд и социјална политика.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата. За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата ќе се извршува денеска. За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата ќе биде утре. За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата ќе се извршува во четврток. За пензии со висина над 18.001 денари, исплатата ќе биде во петок.
– Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од денеска. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања, информира МТСП.