Ширум Европа почна тримесечната кампања за изборите за Европскиот парламент во мај во која се 27 држави и речиси половина милијарда луѓе.
Оваа година може да биде пресврт во повоената европска политика при што некои традиционални политички сили може да почнат да ослабуваат, додека ектремистичките популистички партии може да стекнат повеќе влијание и да се вклучат во „политичката машинерија“ на ЕУ.
Во следниот состав на ЕП ќе има 705 места бидејќи Британија треба да ја напушти Унијата во март и нема да учествува во изборите закажани од 23 до 26 мај. Аналитичари наведуваат дека групата на десниот ценатр ЕПП и Демохристијаните да останат најголема партија пред Социјалистите од левиот центар.