Даме Димитровски, кој на локалните избори ја предводеше советничката листа за Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, објави дека денеска официјално започна нивниот мандат во Советот на Градот.
-Ова не е само формален почеток, туку почеток на нов начин на работа. Советот ќе функционира јавно, транспарентно и отчетно, со единствена цел: во служба на граѓаните на Скопје. ️ Ќе поставиме темелни политики кои ќе донесат ред, функционалност и квалитетен живот во градот, вели Димитровски.
Посочува дека ќе бидат гласот на секој скопјанец, за секоја општина и маало.
Димитровски додава дека почнувааѕ со работа одговорно, посветено и со визија.




