Во судот во Струга почна главната расправа за поставената спомен-плоча пред општинската зграда лани во март, со која се слави фашистичката окупација. Според обвинението, Мерко со ова обележје поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга. Сведочеше поранешниот советник во општината Ален Деребан, кој беше меѓу потпишаните граѓани кои доставија претставка до Комисијата за заштита од дискриминација. Заменик-министерот оваа постапка на струшкиот градоначалник ја критикуваше како неприфатлива, а Мерко за ова дело пред судот кажа дека не се чувствува виновен.
-Очекувам дека судот врз основа на доказите со кои располага ќе донесе осудителна пресуда со која што во иднина ќе се спречи оваа пракса за поставување на спомен плочи и спомен обележја од контроверзни личности од историсата со кои се задира во уставниот поредок на Република Македонија, изјави Ален Деребан – заменик министер за правда
Претходно беше одложена расправата за набавката на луксузен автомобил „Ауди“, поради промената на постоечкиот судија.
Се одржаа и две одвоени рочишта против Мерко за злоупотреба на службената положба и фалсификување документи, преку незаконско поставување на неколку директори во основни училишта во Струга. За ова сведочеше екс-министерот Јетон Шаќири, кој кажа дека за време на неговиот мандат не стигнале вакви информации.
-Кај мене не е доставен предлог извештај од страна на секторот за осново образование за конкретните ситуации. Тоа оди комунукација помеѓу просветен инспекторат, кабинет, одговорна правна служба, но не се доставени предлози. Причината не можам да ја кажам, рече Јетон Шаќири – порашенен министер за образование
Судскиот процес за овој случај, ќе продолжи на 5-ти март со сослушување на сведоците.