Екс директорот на Агенцијата за Млади и спорт Дарко Каевски неговиот наследник Наумче Мојсоски  , претседателот на МОК, Даниел Димевски и

уште 9 други обвинети за злоупотреби со спортските ваучери се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Нивните адвокати ќе го побиваат обвинението со докази и сведоци а најавуват и сопствени вештачења наспроти обвинителството.

Во воведен говор и обвинителката Лидија Раичевиќ ја презентираше својата стратегија со која ќе го гради случајот .

Обвинението ќе го докажува со материјални докази, над 25 сведоци и со вештачење според кое штетата на буџетот е над 5 милиони евра.

Бара од одбраната да се изјасни во кое својство ги предлага дел од сведоците.

Професорите Нанев, Давитковски и Лажетиќ ги предлага одбраната да сведочат но во својство на што – прашува обвинителката Раичевиќ:

„Забележувам нови на сведоци, од типот на професорот Лазар Нанев, професроот Давитковски, професорката Лажетиќ, а немам околности на кои тие треба да сведочат. И затоа предложив да ми се образложи зошто и во кое својство се тие повикани да сведочат “ рече обвинителката Раичевиќ.

Првообвинетиот Дарко Каевски, со лангета дојде на суд откако првото рочиште се одложи поради домашното лекување по операцијата што ја имал. Неговиот бранител, екс – портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов побара додека е во ваква состојба да не се јавува секој понеделник во судот како мерка на претпазливост која му е одредена.

Имајќи ја предвид здравствената состојба на обвинетиот Дарко Каевски и отежнатото движење во последните три недели, додека ја носи лонгетата, барам од судот да го ослободи во наредните три недели од обврската да се јавува секој понеделник“ рече Шилегов пред судот.

Обвинетите и адвокатите очекувале денеска да слушнат на кои докази и аргументи се темели обвинението против нив.

Според одбраната центраната комисја не можела да прави злсоуптреби затоа што немале овластувања ниту да бодуваат пријавените ниту да ги распределуваат ваучерите .

Обвинителката најави дека ќе ги презентира доказите на следното рочиште закажано на 19 септември.

До тогаш ќе имаат можност да направат увид и  дел обивнети кои до сега немале можност.