Првиот круг разговори, во кој беа вклучени Бајден и Путин, нивните министри за надворешни работи Антони Блинкен и Сергеј Лавров, траеше скоро два часа. По паузата, состанокот продолжи во проширен состав.

„Ако Алексеј Навални умре во затвор, последиците за Русија може да бидат катастрофални“, рече Бајден на прес конференцијата по состанокот.

Во еден момент, Бајден морал да го прекине прашањето на новинарот за да ја соблече јакната затоа што било многу жешко во Женева.

Тој рече дека тој и Путин постигнале многу за време на состанокот во Женева.

Поточно, Бајден рече дека се зборувало за човековите права и за затворањето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Тие разговарале и за заедничката соработка во односите со Иран и повлекувањето на американските трупи од Авганистан.

Што се однесува до Украина, Бајден ја изразил својата непоколеблива посветеност на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Бајден го опишал тонот на самитот како позитивен и додал дека тој сторил се што сакал.