Родители организирани преку иницијативата „Учебници и настава мора да има“ попладнево го почнаа својот протестен марш пред Министерството за образование и наука, беа пред Владата, а потоа пред Собранието. Пред Собранието испратија пораки до пратениците и до ресорното Министерство да ги повлечат, како што велат, сите најавени образовни реформи кои треба да стапат во сила од новата учебна година.

Родителите изјавија дека се против дигитализација на учебниците онака како што е најавено и додадоа дека проблем претставува и воведувањето предмет сексуално образование. Тие добија поддршка од организацијата „Средношколски глас“.

Максим Крстевски од „Средношколски глас“ посочи дека министерката Царовска се уште не го слуша нивниот револт.

-Видовме дека онлајн наставата не вроди со плод. Дигитализација да, но не на ваков начин и не преку ноќ. Учебници мора да има и мора да се вратиме во училишните клупи, изјави Кртевски.

Освен во Скопје, низ земјава се протестира уште во 18 други градови, каде родителите се собираат пред општинските згради и го изразуваат своето незадоволство против најавените образовни реформи.

Претходно, во текот на денот граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ денеска повторно поднесе иницијатива до Собранието за распишување референдум за граѓаните да се изјаснат за Предлог-законот за дигитални учебници и наставни материјали во основното и средното образование откако првиот пат иницијативата им беше одбиена како неуредна.

Во текот на вчерашниот ден пред подрачни единици на ДИК иницијаторите собрале околу 300 потписи кои се доволни за да го поднесат предлогот во законодавниот дом.

Претставничката Драгана Спасевска изјави дека бараат директно и непосредно изјаснување на волјата на граѓаните за предожениот закон и се надева дека овојпат иницијативата е во согласност со Законот за референдум и ќе биде прифатена.

Додаде дека во иницијативата се обединети луѓе од различни припадности и дека нема да дозволат, како што рече „непромислен и контроверзен закон да помине во Собранието и да стане реалност во образованието“.

Ќе се бориме сите заедно и ќе ги користиме сите правни средства за стопирање на постапката за донесување на законот. Сакам да се обратам до сите политичари, европски делегати, пратеници дека ова граѓанското движење односно граѓански глас е против донесување на овој предлог-закон. Доополнително, на сите политичари и на сите пратеници во Собрнието им советувам да го слушнат гласот и да го почитуваат ставот на граѓаните и добро да размислат какви чекори ќе преземат, затоа што на крајот од денот овие граѓани им го дале својот глас за да ги застапуваат во институциите, изјави Спасевска.

Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ денеска попладне ќе организира мирни протести во повеќе општини во државата и мирен марш во Скопје, кој ќе почне пред Министерството за образование и наука.

Опозицијата и денеска обвини за реформите кои ги подготвува министерката Мила Царовска. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека укинувањето на учебниците ќе падне на товар на родителите, училиштата и државата.

Законот кој еднаш беше повлечен од Собрание под притисок од јавноста, а со кој треба да се регулира дигитализацијата во образованието, повторно треба да влезе во собраниска процедура, и тоа според најавите со европско знаменце. Решението не предвидува набавка на електорнски уреди за ситѕе четврто одделенци со кои ќе почне примената од септември.

За разлика од земјава. Денеска српските власти најавија дека сите ученици од прво до четврто одделение во Белград ќе добијат таблети за старт на новата учебна година од септември. Според предвиденото ќе бидат доделени околу 68 000 електронси уреди со бесплатен Wi-Fi.