На граничните премини има зголемена фреквенција на возила. На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека од 15 до 30 минути, додека на ГП „Табановце“ за влез во државата околу 30 минути, информираат од АМСМ.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен и се одвива по суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.