Премиерот Мицкоски и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска го означија почетокот на изработката на националната стратегија за Информатичко-комуникациски и телекомуникациски развој – националната ИКТ стратегија, која е клучен документ во однос на активностите за дигиталната трансформација.
Колку повеќе дигитализирани, толку помалку корумпирани. Владата ја крои националната стратегијата за информатичко-комуникациски и телекомуникациски развој. Дигитална трансформација во служба на граѓаните, достапни и ефикасни услуги и борба против присутната корупција со искористување на дигитализацијата е еден од врвните приоритети на Владата, рече премиерот Мицкоски.
,,Токму во таа насока беше и воспоставување на ново наменско министерство за дигитална трансформација кое е носител на дигиталните политики на владата и кое работи на сеопфатни хоризонтални решенија и платформи. Создаваме систем во кој секој ќе добие можност да се вклучи, систем кој ќе го трасира патот на рамномерна корист на сите со оптимизирани ресурси без преокупирање на активностите и проектите,, нагласи Мицкоски.
Во таа насока како што вели премиерот било и создавањето на ново, наменско министерство за дигитална трансформација кое е носител на дигфиталните политики на Владата. Министерот Андоновски си постави за цел Македонија да биде на ниво на развиените европски земји.
,,Тоа се четирите столба: Развојот на дигиталната транформација, унапредувањето на дигиталните вештини на нашите граѓани, модернизација на јавните услуги и поддршка на дигиталната транформација на бизнисите, иновациите и преприемништвото, кажа Андоновски.
Во изработка на стратегијата ќе бидат вклучени повеќе експерти од образовниот и граѓански сектор. Според Владата неопходно е да чекориме во ист ритам со светот кој напредува со огромна брзина, а пристапот до дигиталните технологии и нивно подведување во функција и интерес на човекот и нивното правилно искористување, како што рече премиерот отвора нови хоризонти и перспективи за сите.