Ставен е под контрола пожарот што избувна претпладнево во Универзалната сала во Скопје.

Од Центарот за управување со кризи информираа дека гори една од куполите на објектот и дека пожарникарите се на самото место и се обидуваат да го изгаснат пожарот.

На Единствениот број за итни случаи112 во ЦУК е добиена пријава за пожар на отворено кој се шири над објектот на Универзалната сала лоцирана на Булевар „Партизански Одреди“, во Скопје.

– Пожарот во Универзална сала е локализиран и нема опасност од негово ширење, информира директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Скопската Бригада за противпожарни задачи работи на догаснување на пожарот.

Засега нема информации што е причината за пожарот. Во Универзална сала во тек беа работи за нејзино реновирање.

Фото: принтскрин