Принцот Хари ќе добие осум милиони фунти кога ќе наполни 40 години, откако кралицата им оставила значителна сума пари на своите правнуци пред 30 години, пишува Дејли мејл.
Фондот вреден 19 милиони фунти го основале во 1994 година кралицата Елизабета и кралицата мајка, кога Хари имал 10 години, за да им го подели на внуците.
Првата исплата од 6 милиони фунти требаше да ја добијат на 21. роденден, а втората од 8 милиони фунти на 40 роденден.
– Тоа беше начин на кралицата мајка да им остави пари на своите правнуци кога ќе пораснат и начин да пренесе дел од нејзините средства на даночно ефикасен начин – изјавил извор близок до Палатата.
Хари ќе го прослави роденденот на 15 септември.
Принцот Вилијам наполни 40 години во 2022 година. Прабабата на Хари, Елизабета, почина во 2002 година на 102 години.