Македонската фудбалска репрезентација вечерва го победи Казахстан со убедливи 4:0 во пријателски натпревар одигран во Скопје.
Стрелци на головите беа Езгјан Алиоски од пенал во рпвото полувреме и Иван Тричковски, Милан Ристовски и Дарко Чурлинов во второто полувреме.
Во текот на сите 90 минути избраниците на селекторот Игор Ангеловски доминираа на теренот, а работата им беше олеснета дополнително, по исклучувањето на Серикзан Мужиков во финишот на првото полувреме поради груб старт.
Ова беше втор подготвителен натпревар за Македонија. ВО првиот пријателски натпревар во рамки на подготовките за ЕП одигравме нерешено со Словенија.
Првиот натпревар на ЕП го играме на 13 јуни во Букурешт против Австрија.