ПОДГОТОВКИ ЗА САМИТОТ ВО МАЈ: Средба на министрите за надворешни работи на Русија и Кина во Москва

/ 01.04.2025

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека денешната средба со неговиот кинески колега Ванг Ји во Москва ги потврдила добрите односи меѓу двете земји и го подготвила теренот за самитот Русија-Кина што треба да се одржи во мај.

Состаноците меѓу рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг секогаш даваа силен поттик на односите, додаде тој.

Рускиот амбасадор во Пекинг, Игор Моргулов во февруари рече дека Си ја прифатил поканата за воената парада на 9 мај во Москва по повод годишнината од победата над нацистичка Германија во 1945 година. Парадата секоја година се одржува на Црвениот плоштад во Москва

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, соопшти дека се подготвува и посета на Путин на Кина. Тоа се очекува да се случи по прославите по повод 80-годишнината од крајот на Втората кинеско-јапонска војна.

Пред средбата, руското Министерство за надворешни работи соопшти дека министрите ќе разговараат и за „перспективите за регулирање на украинската криза“, како и за други меѓународни прашања. Според Песков, Путин исто така се подготвува за средба со Ванг.


Од истата категорија