Британското обвинителство денеска подигна обвинение против поранешниот диџеј и радиоводител на Би-Би-Си, Тим Вествуд, за четири силувања и девет обвиненија за непристојни напади.

Обвиненијата се однесуваат на наводни прекршоци против седум жени во периодот од 1983 до 2016 година. Вествуд (68) е обвинет и за два сексуални напада.

Тој треба да се појави пред Судот за прекршоци во Вестминстер на 10 ноември.

Вествуд претходно ги негираше сите обвинувања за сексуални напади.