Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 39-годишен скопјанец за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
На 17 јуни при извршен претрес во домот на обвинетиот била пронајдена наркотична дрога марихуана во вкупна количина од 131,33 грама. Обвинетиот неовластено заради продажба ја држел дрогата спакувана во повеќе предмети во домот, соопшти Обвинителството.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице, со оглед на тоа што ценеше дека и натаму постојат условите заради кои првично беше определен притворот.