Шестгодишната Ешлин Мендрик од Велика Британија е првото девојче кое двапати стигнало до врвот на планината Килиманџаро во Африка.
Девојчето при првото искачување на 29 септемри годинава, одбило каква било помош во освојувањето на врвот Ухуру, висок од 5.895 метри. Инаку, до врвот стигаат само две третини од оние кои имаат таква цел.
– Ешлин го собори рекордот кој го држеше Монтана Кини од САД, која лани до врвот стигна, кога имаше седум години и десет месеци. Горда сум на моето дете, тоа беше неверојатно искуство, истакна мајка ѝ Викторија.
Ешлин е инаку од Западен Сасекс, а на експедициите била со својата мајка и 11-годишниот брат Николас. Таа се надева дека еден ден ќе го искачи и Монт Еверест
Британката двата подвига ги направила во две недели. Вториот пат, на 13 октомври го освоила врвот во Танзанија, но по друг пат.
Најмладо лице воопшто, кое се искачило на Килиманџаро е Колтон Танер од американската сојузна држава Ново Мексико, кој 2018 година, го освои врвот на шест години и еден месец и, во тој миг бил неколку месеци помлад од Ешлин при нејзиниот подви