Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев си го избори правото за најголем поет меѓу градоначалниците и најголем градоначалник меѓу поетите.
Многу од ветените проекти во Општина Карпош останаа само на хартија, а на хартија и на Фејсбук еве уште еден проект на Богоев. Ја објавуваме неговата поезија по повод 8 Март:
Ти не си сама!
Tи не си сама! Ти се спротивстави на насилството и победи!
Ти си храбра, достоинствена и свесна за својата вредност!
Ти си ТАА која е во првите борбени редови за заштита од КОВИД – 19!
Ти си ТАА која ги образува новите генерации!
Ти си ТАА која му помага на своето дете во пишувањето домашни!
Ти си ТАА која сама одлучува за своето тело!
Ти си ТАА кога гласно говориш за неправдите на работното место!
Ти си ТАА која сама одлучува која слика ќе ја сподели на Инстаграм!
Ти си ТАА која се грижи, ти си таа која победува, а твојот успех ја радува целата државата!
На Светскиот ден на жената се потсетуваме дека правата на жените се унапредуваат секојдевно!
ЧЕСТИТ 8 – МИ МАРТ!