Пол Погба потврди дека може да замине од Манчестер Јунајтед овој преоден рок, истакнувајќи дека е дојдено време за нов предизвик.
– Поминав три години во Манчестер и имав многу добри и лоши моменти. По оваа сезона и се што се случи во текот на сезоната, иако беше мојата најдобра сезона, сметам дека можеби е дојдено време за нов предизвик на некое друго место, изјави Погба.
Иако, францускиот репрезентативец не наведе конкретно каде планира да ја продолжи кариерата во јавноста долго време кружат гласините дека тој ќе замине во шпанската Ла лига, односво во кралскиот клуб, но голем интерес за него покажува и неговиот поранешен клуб Јувентус.
Инаку, 26-годишниот напаѓач дојде во Јунајтед од Јуве во 2016 година, а за „Црвените ѓаволи“ постигнал 31 гол на вкупно 135 натпревари.