Поглаварот на Исламската верска заедница Шаќир Фетаи во бајрамската порака повика на солидарност и мир. Тој рече дека празникот симболизира меѓусебно почитување и подавање рака кон сиромашните.
„Во името на ИВЗ на РСМ и во мое лично име на сите верници во земјата и странство каде и да живеат и дејствуваат, ги изразувам нашите честитки молејќи се на Семоќниот Алах да ги прифати нашите молитви, нашите жртви, хаџот од аџиите кои го извршуваат, како и сите наши молитви направени во овие благословени денови. Ова нека биде прослава на нашата радост, меѓусебна почит, зближување со другите, зголемување на радоста и задоволството на скромните, на оние кои имаат тешкотии во животот, простувањето, мирот и солидарноста и зближувањето со Семоќниот Алах.“, рече поглаварот на ИВЗ Шаќир Фетаи.