Нова студија од Универзитет во Чикаго открила дека детската работа во глобалното производство на какао е во пораст и покрај ветувањата на меѓународните компании дека при производството на чоколадо ќе престанат да го користат тоа какао во кое е вложен детски труд.
Според студијата, изготвена по барање на Министерството за труд на САД, повеќе од две петини – 43 отсто – деца на возраст меѓу пет и 17 години во региони на Гана и Брегот на Слоновата Коска вклучени се во опасна работа при производство на какао.
Вкупно 1,5 милиои деца ширум светот работат во производството на какао, а половина од нив се во во овие две африкански држави.
Вкупниот удел на децата кои работат пораснал за 14 отсто во изминатата деценија, се наведува во извештајот, напоменувајќи дека тој раст е следен од 62 отстоен пораст на производството на какао во тој период.
Според Ричарс Скобеј, претседател на Светскаа фондација за како, извештајот покажува дека „денес се уште има премногу деца кои се користат во производството на какао кои се премлади за таа работа или вршат работа што ги загрозува“