Дваесет годишниот Кристијан Коцев Кико за кого се сплоти цела Македонија, ќе биде погребан денеска на градските гробишта во Штип.
Младото момче ја загуби животната битка по борбата со болеста.
По апелите за помош, за четири дена се собраа потребните средства за негово лекување во Турција. Кико неколку дена, поради влошената здравствена состојба, се лекуваше во приватна болница во Скопје каде се правеа напори тој да зајакне за да може да го издржи медицинскиот траспорт до Турција.
За жал, почина вчера.
Финансиските средства кои беа собрани за него ќе бидат пренаменети за лекување на некое друго. Хуманитарните настани кои се веќе закажани ќе се одржат, а средствата исто така ќе бидат пренаменети.