Погребот на кралицата Елизабета Втора ќе се одржи во понеделник на 19 септември во Вестминстерската опатија во Лондон, потврди Бакингемската палата.

Пред државниот погреб, телото ќе лежи во Вестминстерската палата четири дена, па јавноста може да и оддаде почит.

Британскиот крал Чарлс Трети го прогласи денот кога неговата мајка Елизабета ќе биде погребана за државен празник.