Новиот тренер на Пари Сен-Жермен, Маурисио Покетино се огласи по назначувањето на оваа функција.
– Јас сум тренер кој е близок до моите играчи. Имам големи побарувања и очекувања. Ми се допаѓа кога односот помеѓу играчите и целиот тренерски штаб станува речиси пријателски. И сакам сите во персоналот на клубот, стадионот и базата да се чувствуваат како да се дел од проектот, изјави Покетино.
Тој е задоволен од квалитетот на фудбалерите со кои располага.
– Нашата главна цел е да ги натераме сите да се движат во иста насока. Идејата е дека секој треба да сака да победи со цел овој клуб да биде над сите други. Ние сакаме да бидеме силен клуб, да имаме јасна структура. Кога сите, почнувајќи од играчите, стручниот штаб и управата, ги доживуваат истите емоции, тоа е нешто волшебно, додаде Покетино.